Blue Moon продаден за 48,5 милиони долари – нов светски рекорд

20

Blue-Moon-Diamond-2Беспрекорниот син дијамант од 12,03 карати, наречен Blue Moon, е продаден за неверојатни 48,5 милиони долари на аукцијата што неодамна се одржа во аукциската куќа Sotheby’s во Женева, пишува Telegraph.

Дијамантот беше проценет дека ќе достигне цена од 35 до 55 милиони долари, а според Sotheby’s купувачот е неименуван колекционер од Хонг Конг.

Скапоцениот камен има форма на перниче, а неговата боја е интензивно сина без примеси на сиво. Ваквите сини дијаманти се создаваат кога елементот бор се меша со јаглерод длабоко во земјината кора. Тие се екстремно ретки, односно само 0,1% од дијамантите имаат траги од сина боја.

Претходниот светски рекорд го држеше дијамантот Graff Pink, којшто беше продаден за 46 милиони во ноември 2010 година.

Blue Moon постави три светски рекорди: највисока цена за скапоцен камен, највисока цена за обоен дијамант и највисока цена по карат.

Sotheby-Blue-Diamond_AP