Blue Origin го одложи вториот туристички лет во вселената

17

Американската компанија Blue Origin на Џеф Безос го одложи вториот лет со туристи во Вселената, поради неповолни метеоролошки услови. Лансирањето на вселенскиот брод New Shepard беше планирано за денеска, но тоа сега треба да се случи утре.

На леталото ќе има четворица туристи. Меѓу нив е и 90-годишниот глумец Вилијам Шетнер, познат по улогата на капетан Кирк во серијата „Ѕвездени патеки“. Тој ќе стане највозрасниот човек што полетал во Вселената.

На 20 јули, компанијата успешно го заврши првиот орбитален лет со туристи. Меѓу нив беше и самиот Џеф Безос.