Блумберг Адриа официјално почнува со работа денеска

10

Блумберг Адриа, првата пан-регионална, мултиплатформска мрежа за деловни вести во Југоисточна Европа официјално стартува денеска, 1. јули 2022 година. Содржината најпрво ќе биде достапна на дигиталната платформа, додека телевизијата ќе почне со со работа наредната недела. Новата информативна мрежа – фокусирана на деловни и финансиски вести ќе започне истовремено на пет пазари преку нејзините уреднички центри во Босна и Херцеговина, Хрватска, Северна Македонија, Србија и Словенија.

Повеќе од 130 локални новинари, коментатори, аналитичари и финансиски професионалци ќе создаваат оригинална содржина на сите пет регионални јазици. Преку својата соработка со Bloomberg Media, Bloomberg Adria ќе го искористи известувањето на 2.700 новинари и аналитичари на Bloomberg во 120 земји. Ќе ги комбинира преведените содржини на Bloomberg News со оригиналните извештаи од целиот регион за да создаде врвна дестинација за вести за бизнис лидерите во Југоисточна Европа.

Bloomberg Adria ќе обезбеди стручен увид во причините, контекстот и последиците од факторите кои ја обликуваат глобалната и регионалната економија. Новата платформа ќе ѝ служи на растечката заедница на носители на одлуки и деловни лидери во регионот користејќи телевизија, печатени и дигитални медиуми, мобилни и социјални мрежи – преку непристрасно новинарство засновано на факти.

Блумберг Адриа ќе работи како сервис за нон-стоп вести, продуцирајќи телевизиска програма во живо по осум часа дневно од своите студија во Белград, Љубљана, Сараево, Скопје и Загреб. Преку договор за лиценцирана содржина со Bloomberg Media, новата информативна мрежа ќе има пристап до обемните финансиски и економски содржини, анализи и пазарни податоци на Bloomberg, дозволувајќи им на локалните тимови да развиваат преведени стории низ платформите на Bloomberg Adria.

Bloomberg Adria е производ на регионалната соработка помеѓу Bloomberg Media и Mtel Swiss – радиодифузер во мнозинска сопственост на Телеком Србија.

„Возбудени сме што Bloomberg Adria стартува овој месец за да донесе врвни деловни вести до публиката во Југоисточна Европа,“ рече Soo Kang, Глобален Директор на Bloomberg Media Distribution. „Преку овој нов локален потфат, Bloomberg Adria на растечката деловна заедница во регионот ќе ѝ обезбедува доверлива содржина заснована на податоци и анализи“.

Владимир Лучиќ, Главен извршен директор на Телеком Србија, изјави: „Телеком Србија е посветена на обезбедување премиум содржина, информации и новости за над 11 милиони претплатници. Блумберг е глобално познат по веродостојни деловни информации и експертски анализи, на кои деловните лидери им веруваат насекаде. Додека ја славиме нашата 25-годишнина, многу сме горди што соработуваме со Bloomberg Media и Bloomberg Adriа со цел на нашата ценета публика низ Југоисточна Европа да ѝ обезбедиме веродостојни деловни информации, увиди и новости од нашиот регион и од целиот свет“.