Блумберг: Твитер подели уште откази

48

Твитер отпушти повеќе вработени во одделот за заштита на корисници, пишува Блумберг.

Најмалку уште десетина луѓе се отпуштени во петокот вечерта, во канцелариите во Даблин и Сингапур, објави Блумберг, повикувајќи се на информирани извори.

Твитер, во сопственост на американскиот милијардер Илон Маск, сè уште не одговорил на барањето на Ројтерс за коментар.

По доаѓањето на Маск, почнаа отпуштањата на стариот персонал во таа компанија, наведува британската агенција.