
Оливер Блуме се повлекува од функцијата извршен директор на германскиот производител на спортски автомобили „Порше“, објави компанијата со седиште во Штутгарт во петокот.
Блуме е и извршен директор на матичната компанија на „Порше“, групацијата „Фолксваген“, двојна позиција која предизвика значителни критики поради годините на борби во германската автомобилска индустрија.
Извршниот комитет на надзорниот одбор на „Порше“ му наложи на претседателот на одборот да разговара со Блуме за пријателско предвремено заминување, соопшти производителот, иако не е точно јасно кога ќе се повлече.
Блуме е извршен директор на „Порше“ од 2015 година, а ја држи двојната улога од 2022 година. Тој треба да ја задржи својата позиција во групацијата „Фолксваген“.
Шпекулациите за двојната позиција на Блуме се вртат со месеци, при што акционерите и инвеститорите бараат менаџерот да се повлече од една од неговите улоги поради преголемото работно оптоварување и можните судири на интереси.
Блумe ги отфрли критиките, тврдејќи дека двојната улога нуди предности, а воедно смета на поддршката од милијардерските семејства Порше и Пих, кои контролираат поголем дел од правата на глас во групацијата Фолксваген.
Сепак, во интервју за ДПА претходно оваа недела, Блумe наговести дека можеби ќе се повлече од својата позиција во Порше.
„Секогаш велев дека мојата двојна улога не е замислена да биде трајна“, рече тој. „Сосема намерно инициравме генерациска промена во извршниот одбор на Порше.“











