БМВ бележи скок во продажбата во вториот квартал

20

Германскиот  автопроизводител БМВ продаде значително повеќе автомобили во вториот квартал од оваа година отколку во истото време во 2022 година: вкупно 626.726, што е зголемување од 11,3 отсто. Продажбата особено скокна во Кина, САД и Германија, објави во петокот BMW.
„BMW Group продолжува брзо да ја зголемува електромобилноста во втората половина од годината“, рече шефот на продажбата Питер Нота. Од април до јуни, компанијата испорача двојно повеќе целосно електрични модели на BMW и Mini отколку во вториот квартал од минатата година – 88.289.

Благодарение на постабилните синџири на снабдување, повеќе автомобили пристигнуваат во дилерите, а клиентите чекаат помалку од порано. Целта што концернот ја постави за оваа година е благ пораст на продажбата. Генератор на зголемувањето на понудата треба да бидат електричните и луксузните модели.

По благиот пад на продажбата во првиот квартал и успешното второ тримесечје, BMW е токму на патот што го посакува. Вкупната продажба во првата половина од годината е зголемена за 4,7 отсто и на глобално ниво изнесува 1,215 милиони возила. Моделите од новите серии 7 и X7, како и целосно електричниот i4, се особено барани.

Побарувачката во Кина силно расте и продажбата во првата половина од годината скокна за 16 отсто на речиси 100.000 возила. Во САД растот е близу 14 отсто, а продадени се вкупно 95.500 возила. На европскиот пазар се продадени 233.000 автомобили, што е раст од девет отсто. Најголемо подобрување е направено во Германија, со пораст од 22,5 отсто, на 77.000 продадени возила.

  • ОЗНАКИ
  • BMW