„БМВ“ го прескокнува Саемот за автомобили во Париз, новиот директор Недељковиќ воведува строгo штедење

Германскиот производител на автомобили BMW објави дека нема да учествува на Саемот за автомобили во Париз оваа година, што според експертите е уште еден сигнал дека новиот извршен директор Милан Недељковиќ дава приоритет на намалувањето на трошоците и фискалната дисциплина.

BMW изјави дека одлуката е донесена поради „промена на приоритетите“ и дека компанијата ќе продолжи да биде присутна на одбрани автосаеми во иднина, објавува Bloomberg.

За германскиот производител, ова е значајна промена, бидејќи Париз претходно често се користеше за големи премиери на нови модели, додава њујоршката агенција.