БМВ и Мерцедес заштедија четири милијарди евра по трговскиот договор меѓу ЕУ и САД

Европските производители на автомобили како што се „Бе-Ем-Ве“ (БМВ) и „Мерцедес“ заштедија дури четири милијарди евра благодарение на трговскиот договор меѓу Европската Унија и Соединетите Американски Држави, кој го ублажи најлошото сценарио, според анализа на „Блумберг“.

Акциите на европските компании во автомобилската индустрија скокнаа по веста дека царината за увоз на автомобили од ЕУ ќе биде намалена од 27,5 проценти на 15 проценти.

Дополнително, „Бе-Ем-Ве“ и „Мерцедес“ добија дополнителен стимул – ослободување од царини за околу 185.000 возила што ги извезуваат секоја година од нивните американски фабрики, според аналитичарот Мајкл Дин.