БМВ испрати порака до возачите на Твитер да ги користат трепкачите, а објавата набрзо собра над илјадници лајкови, пишува Индекс.
Имаше бројни коментари, а во се активно учествуваше и БМВ, велејќи: „Знаеме дека возачите на БМВ се најдобри, но патот може да биде непредвидливо место.“ БМВ во продолжение на својата објава нагласува дека нивните автомобили се богато опремени во однос на безбедноста и имаат бројни системи поврзани со промени во правецот на движење на возилото, како што се предупредување за ненамерно менување лента, предупредување за замор на возачот, систем за избегнување во градски услови итн.
Use your blinkers.
— BMW USA (@BMWUSA) June 28, 2022
Некои се правеа дека не ни знаат каде се покажувачите на насоката, за некои тоа е апсолутно непотребно бидејќи возат БМВ, а има и такви кои на шега велеа дека треба да се автоматизираат ако навистина треба да се користат.
Фото: BMW