BMW ќе превземе контрола врз Brilliance Automotive

56

Производителот на автомобили BMW сака да ја превземе контролата врз своето заедничко вложување (joint venture) во Кина и е подготвен да вложи уште неколку милијарди евра во својот производствен погон во земјата.

Германската компанија за таа цел ќе потроши 3,6 милијарди евра за да го зголеми уделот во Brilliance Automotive од 50% на 75%, пишува CNN.

BMW исто така ќе инвестира повеќе од 3 милијарди евра во проширување на својот постоечки производствен погон во Кина. Моментално според кинескиот закон, доколку некоја странска фирма сака да произведува автомобили во земјата, мора да има заедничко вложување со локална компанија, но не смее да има повеќе од 50% удел во таа фирма.

Сепак Кина размислува да ги олесни овие услови за странските компании, а тоа е причината што автомобилскиот гигант се одлучи на ваков чекор.

Според BMW договорот со Brilliance Automotive, којшто е предмет на регулаторно и одобрување од страна на акционерите, нема да биде комплетиран се до 2022 година.

Вкупното годишно производство на BMW Brilliance Automotive (BBA) во Кина низ годините постепено ќе се зголемува до 650.000 единици вкупно до почетокот на 2020-та.

Brilliance China Automotive Holdings се целосни сопственици на BMW Brilliance Automotive.