BMW го најави XM, електрифициран теренец со високи перформанси

52

29 ноември само што не дошол, а годинава не го чекаат само носталгичарите.

Шегата на страна, ова е денот кога BMW ќе го претстави XM, моќен и електрифициран SUV од кој ќе произлезе нов модел резервиран за М одделот.

Ако Citroen не реагира поради името, XM лесно може да остане во комерцијална употреба. А судејќи по најавниот тизер, станува збор за луксузен теренец кој ќе добие посебен дизајнерски израз несвојствен за останатите модели во понудата на BMW.

Тенките светла на рабовите ќе бидат уште поинтригантни, што сугерира дека фаровите се поставени малку пониско. Сето ова би значело сосема нов дизајнерски израз. Судејќи според коментарите, BMW би можел уште еднаш да размисли дали да продолжи во оваа насока или е време за некои покреативни решенија.

Да се навратиме на досегашните „шпионски“ кадри, идниот модел под ознаката М треба да ги нуди димензиите на моделот BMW X7, но во далеку подинамично пакување. Под хаубата очекувајте го познатиот твин-турбо V8 кој со поддршка на електромотор наводно ќе дава минимум 750 КС.

И најдобро од сè, серискиот BMW XM би можел да се појави на патиштата за нешто повеќе од една година.