BMW инвестира 1,4 милијарди долари во проект за производство на батерии во Кина

34

Заедничко вложување на BMW Group во Кина, BMW Brilliance Automotive Ltd. (BBA), ќе инвестира 10 милијарди јуани (околу 1,4 милијарди американски долари) во нов проект за производство на батерии во провинцијата Лиаонинг во североисточна Кина.
Церемонијата по повод потпишувањето на проектот се одржа во петокот во Шенјанг, главниот град на Лиаонинг. Со потпишаниот договор, BBA ќе го прошири капацитетот за производство на батерии во својата производствена база во Шенјанг.

„Потпишувањето на инвестицискиот договор не само што ја покажува нашата доверба во долгорочните перспективи на кинескиот пазар, туку ја нагласува и нашата цврста верба дека деловната врска ќе продолжи да гради мостови меѓу Кина и Германија , изјави претседателот и извршен директор на BMW Кина, Јохен Голер.

Франц Декер, претседател и главен извршен директор на BBA, исто така, истакна дека инвестицијата е „клучен следен чекор“ во стратегијата за е-мобилност на BMW во Кина.

Новата инвестиција следи по фазата на обемни надградби во производствената база на БМВ во Шенјанг, вклучувајќи го и отворањето на фабрика од 15 милијарди јуани во јуни. Шенјанг е најголемата производствена база на BMW Group во светот. Вкупниот број на вработени во BMW Group во Кина надмина 28.000.

Фото: i.imgur.com/L66FSGt.jpg