BMW ќе гради фабрика за електрични автомобили во Кина

82

BMW и кинескиот партнер Great Wall Motor заеднички ќе градат фабрика во Кина којашто ќе произведува 160.000 електрични автомобили годишно, меѓу кои и електрични возила од брендот MINI на германскиот производител.

Фабриката ќе чини 650 милиони евра, а треба да биде завршена во 2020 година. Производителите и добавувачите се обидуваат да одговорат на строгите кинески правила за автомобили што помалку загадуваат.

Според нив, бројот на продадени електрични и хибридни возила до 2025 година мора да биде една петтина од вкупната продажба, пишува Reuters.

Новата фабрика, којашто ќе вработува 3.000 луѓе, ќе се вика Spotlight Automotive, а ќе биде лоцирана близу Шангај.

Фото: Pixabay