BMW: Не ни требаат стимулации, туку долгорочни мерки

200

BMW излезе против краткорочните владини стимулации за германскиот автомобилски сектор кој се бори и наместо тоа повика на долгорочни мерки за зголемување на прифаќањето на електричните возила кај потрошувачите.
„На германскиот автомобилски сектор не му треба краткорочен блиц за да го наруши пазарот“, рече минхенскиот производител на автомобили во понеделникот.

Меѓу мерките поддржани од БМВ се целосна национална покриеност на полначи, како на јавните површини, така и во домовите, како и евтината струја.

„Ако цената по километар извозен со електрична енергија е повисока отколку со бензин или дизел, на многу купувачи им недостасува клучен поттик за електрични возила“, се вели во извештајот.

Германскиот министер за економија Роберт Хабек и автомобилскиот сектор ќе разговараат за кризата со која се соочува секторот во понеделник попладне на видео конференција.

На челниците на Фолксваген, БМВ и Мерцедес ќе им се придружат претставници на Германското здружение на автомобилската индустрија (ВДА) и моќниот синдикат ИГ Метал.

Имаше повици за мерки за зголемување на побарувачката за електрични автомобили, во согласност со владината политика за постепено укинување на моторите со внатрешно согорување, но не е јасно дали на самитот ќе бидат донесени некои конкретни одлуки.

  • ОЗНАКИ
  • BMW