BMW објави крај на луд тренд

97

Екраните во автомобилите стануваат се поголеми и прашање е до кој степен ќе пораснат. Судејќи според најновите модели на Mercedes и BMW, нема ограничувања.

Седанот EQS на Mercedes во кабината нуди гломазен, долг 141 cm Hyperscreen екран кој поврзува три екрани, додека BMW обезбеди 8K 31,3-инчен (околу 80 cm) 8-инчен кино екран во задниот дел на новата 7 серија.

Сепак, „војната на екраните“ треба да заврши наскоро, пишува „Јутарњи“.

На тркалезната маса организирана од Car Design, дизајнерите на Pininfarina, Italdesign, Polestar и BMW ги споделија своите мислења за иднината на екраните во кабините на луксузни автомобили.

Најинтересниот коментар за преголемите екрани го даде Матијас Јунгханс, шеф за внатрешен дизајн во баварската компанија.

„Сè има своја кулминација, така и големите екрани. Дали стигнавме до тоа? Можно е. Порано или подоцна, големите екрани ќе станат минато. Но, тоа не значи дека нема да го има, тие едноставно ќе се појавуваат кога е потребно, кога патниците го сакаат тоа“, заврши Јунгханс.