BMW повлекува 750.000 автомобили

39

bmw-z4Германскиот произведувач на автомобили BMW ќе повлече околу 750.000 автомобили ширум светот поради потенцијални проблеми со електрониката, соопшти портпаролот на компанијата, пренесува Ројтерс.

Со повлекувањето се опфатени околу 500.000 автомобили произведени во САД, односно на разни верзии на сериите 1 и 3, произведени меѓу март 2007 и јули 2011, како и на моделот Z4 произведен меѓу март 2009 и јуни 2011. Со акцијата се опфатени и дел од автомобилите продавани во Канада, Јапонија и Јужноафриканската Република.

BMW ги повлекува автомобилите поради проблем со конекторот со акумулаторот, кој може да пукне и да доведе до губење на струјата во автомобилот, негово непланирано запирање и така евентуално да предизвика сообраќајна несреќа.