BMW пред Mercedes и Audi

42

BMW остана најуспешната премиум марка и во 2022 година. Со продадени 2.100.692 возила (минус 5,1 отсто во однос на 2021 година), BMW е пред германската конкуренција, пишува Autoblog.
Mercedes известува за глобални испораки од 2.043.900 единици (минус 1.0%) за 2022 година, а Audi е со 1.614.231 единици (минус 3,9%).

Сите три брендови затоа забележаа пад во однос на претходната година, но се оптимисти за 2023 година.

BMW, исто така, води кога станува збор за продажба на целосно електрични автомобили; Само брендот BMW имаше продажба на електрични возила од 172.011 единици (72% раст) во 2022 година, оставајќи ги и Mercedes (117.800, +124%) и Audi (118.196, +44,3%) далеку зад себе.

Вкупната продажба на BMW Group во 2022 година падна за 4,8%, по падот на побарувачката за моделите на BMW од 5,1%, додека MINI забележа пад од 3%.

Од друга страна, Rolls-Royce имаше рекордна година, а истото важи и за BMW M.

М дивизијата ги имаше своите најдобри 12 месеци досега. Со испорачани 177.257 автомобили помеѓу јануари и декември 2022 година, BMW M постави нов годишен рекорд. Продажбата е зголемена за 8,4% во однос на исто така рекордната 2021 година кога се продадени 163.542 возила.

Германците велат дека електричните автомобили како i4 M50 и iX M60 придонеле за успехот на M, кој дополнително бил зајакнат со M240i, M2 и M3 Touring.

2022 година беше и годината кога BMW M ја прослави својата 50-годишнина.

BMW верува дека 2023 година ќе биде уште подобра, „со ветување за нови рекордни резултати“, пренесува b92.