
Германскиот производител на автомобили БМВ денес објави дека минатата година испорачал 2,46 милиони возила, што е минимален раст од 0,5 проценти на годишно ниво и покрај падот во четвртиот квартал од 2025 година.
Главна поддршка за растот беа европскиот и американскиот пазар, како и подружницата на Мини, додека продажбата во Кина продолжи да се намалува, објавува „Виршафтсвое“.
Во Европа, БМВ испорача 1,02 милиони автомобили, што е зголемување од 7,3 проценти, додека во Соединетите Американски Држави испораките се зголемија за пет проценти на 417.638 возила.











