BMW продале милион електрични автомобили

110

Германскиот производител на автомобили BMW во вторникот објави дека има продадено еден милион електрични возила (ЕВ) и планира да достигне вкупна продажба од два милиони електрични возила до 2025 година.

Околу 70 проценти од продадените електрични возила досега се хибридни, рече членот на одборот Питер Нота пред новинарите, додавајќи дека компанијата верува дека хибридните модели ќе продолжат да играат важна улога, особено за клиентите за кои полнењето не е лесно достапно.

Како уште еден важен чекор кон поодржлива автомобилска индустрија, лидерот на BMW ја посочи континуираната модернизација на автомобилите со фосилни горива и додаде: „Само тогаш можеме да направиме разлика во базата на клиенти“.

Во обид да ги намали емисиите на стакленички гасови, BMW долго време се залагаше за инвестирање во низа технологии и не се фокусираше само на електрични автомобили на батерии. Компанијата се противи на тотални забрани за купување автомобили кои имаат мотори со внатрешно согорување.

Производителот на автомобили има намера да ја постигне целта до 2030 година најмалку 50 отсто од неговата глобална продажба да бидат целосно електрични возила, но неколку пати повтори дека недостатокот на инфраструктура за полнење е главна пречка за побрзо прифаќање на електричните возила.

Продажбата на BMW во ноември беше малку под нивото од минатата година, објави Нота, бидејќи недостигот на чипови продолжува да ја ограничува понудата. Но, компанијата е уверена дека ќе успее да постигне раст на приходите во однос на минатата година.