BMW: Скок на продажбата на крајот на 2023 година

27

Германскиот производител на автомобили БМВ објави прелиминарен двоцифрен раст на продажбата во четвртиот квартал од 2023 година, нагласувајќи ја силната побарувачка за целосно електрични модели.
Во четвртиот квартал, германската автомобилска групација продаде 718.778 возила, 10,3 отсто повеќе отколку во истиот период претходната година.

Продажбата на целосно електрични возила скокна за 47,7 отсто, пресмета БМВ, наведувајќи ја бројката од 129.316 испорачани електрични возила.

Во цела 2023 година, компанијата испорача вкупно 2.555.341 возила, 6,5 отсто повеќе од претходната година.

Продажбата на целосно електрични возила скокна за 74,4 отсто, со испорачани 376.183 возила, објави германскиот производител на луксузни марки.

Според нивната проценка, продажбата на електрични модели треба да порасне во новата година и да надмине пет милиони, судејќи според големата побарувачка.

Продолжуваме да бидеме сведоци на силна побарувачка за нашите целосно електрични производи и врз основа на нашето силно портфолио очекуваме да продадеме повеќе од половина милион од нив во 2024 година, рече членот на одборот на BMW, Јохен Голер.