BMW забележа пад на продажбата од 4,9 проценти во вториот квартал од 2026 година

Германскиот производител на автомобили BMW денес објави дека испорачал 590.962 возила во вториот квартал од 2026 година, што е за 4,9 проценти помалку во однос на истиот период минатата година, првенствено поради големиот пад на продажбата на кинескиот пазар.

Продажбата во Кина се намали за дури 30 проценти на годишно ниво, на 117.815 возила, додека послаба побарувачка е забележана и во остатокот од Азија, објавува Wirschaftsvohe.

Резултатите во Европа и САД делумно го компензираат падот на продажбата во Азија.

BMW испорача 260.173 возила во Европа во вториот квартал од 2026 година, што е зголемување од 5,4 проценти во однос на истиот период од претходната година, додека продажбата во Соединетите Американски Држави се зголеми за 9,5 проценти на 134.405 автомобили.

Меѓу брендовите во рамките на BMW Group, брендот Mini забележа раст на продажбата од 17 проценти на 81.035 возила, додека продажбата на основниот бренд BMW се намали за 7,7 проценти на 508.675 автомобили.