Boeing ја отвори својата прва фабрика во Европа

27

Најголемиот производител на авиони во светот, Boeing, ја отвори својата прва фабрика на Европско тло. Објектот се наоѓа во Шефилд, Англија, а компанијата планира таму да изработува делови за патничките авиони 737 и 767, се вели во соопштението.

Ќе бидат произведувани илјадници делови секој месец, коишто потоа ќе се транспортираат до САД за нивно составување.

Според Boeing фабриката отвори 52 нови работни позиции, вклучувајќи искусни механичари, инженери и преку 20 чираци.

Авиокомпанијата инвестираше повеќе од 51 милиони долари за изградба на објектот, а склучи партнерство со 13 добавувачи со седиште во Обединетото Кралство.

Фото: Facebook