Boeing претстави дрон што може да пренесе товар од 225 килограми

27

dron1

Фото: Youtube

Компанијата Boeing претстави дрон што може да носи товар тежок 225 килограми. Од компанијата велат дека им биле потребни само три месеци за дизајн и изработка на прототипот што успешно ги помина пробните летови.

“Имаме шанса навистина да го смениме воздушниот сообраќај и транспортот и на ова достигнување гледаме важен чекор во тоа патување“, вели Грег Хислоп од Boeing. Покрај товарен транспорт, Boeing веќе работи на летечко такси.

Дронот тежи 339 килограми, долг е 4,5 метри, висок е 1,22 метри и има осум ротори за вертикално полетување.