Богаташ советува: Најбрз начин за богатење е колку поголем проблем толку поголема заработка

937

Стив Синболд е милионер и автор на книгата How Rich People Think. Интервјуирал повеќе од 1.200 богати луѓе, а некои од советите одлучил да ги сподели.
Синболд едно утро застанал пред својата куќа за да поразговара со работници кои работеле на улицата. Разговорот почнал така што работниците му префрлиле дека не е фер што тој има таква вила, а тие работат по цел ден за минималец.

Синболд не се навредил, туку застанал да им раскаже на овие луѓе како го стекнал своето богатство, со какви сè препреки се справил и дека во еден момент бил 50.000 долари во долгови. На крајот од разговорот, работниците срдечно се поздравиле со милионерот и се заблагодариле на советот.

Неколку месеци подоцна тој видел како како еден од нив вози камион. Работникот застанал и му се обратил на Синболд.

“Го послушав вашиот совет и отворив своја компанија. Имам пет вработени и работата цвета. Јас и моето семејство живееме убаво. Ве молам споделете ја вашата мудрост и на другите“, му рекол работникот на Синболд, кој тогаш решил да издвои неколку совети кои ги сметал клучни за неговиот успех.

На слободен пазар секој може да заработи колку сака.

Вашето CV, степен на образование и интелигенција се неважни за заработка

Најбрз начин за богатење е ефикасно решавање на проблеми. Колку поголем проблем толку поголема заработка

Не ги слушајте оние кои говорат дека животот е борба и дека мора да бидеме задоволни со она што го имаме

Секогаш очекувајте да заработите повеќе

Ослободете се од предрасуди и страв и почнете да ја гледате позитивната страна на парите: слобода, прилики и можности

Богатството не е привилегија туку право

Не чекајте нешто да се случи. Нема да се збогатите со помош некои надворешни сили. Ако сакате пари, изградете свој брод, бидејќи никој не доаѓа да ве спаси

Престанете да се грижите дека ќе ви снема пари. Наместо тоа фокусирајте се на тоа како да заработите повеќе

Престанете да зборувате дека прашањето дали ќе бидете богати или не е надвор од ваша контрола

Фото:Pixabay