Богаташите во паника – парите не можат да купат нешто што го нема

263

До пред неколку недели и месеци, не можевме ни да претпоставиме колкава важност на глобално ниво ќе имаат респираторите. Сè се смени во еден момент кога се констатираше дека недостасуваат насекаде во светот, во однос на бројот на пациенти кои имаат потреба.

Сега разни компании се вклучуваат во производство на овие уреди, а како што пишува New York Post, богатите луѓе веќе не ги интересира ботокс и други скапи работи и услуги, туку она што им гарантира кислород, доколку се заразат со вирус.

Сепак, и да сакаат да ги купат не можат, бидејќи ги нема.

Со ширење на вестите дека постарите Италијанци не добиваат респираторна нега бидејќи нема доволно, предизвика паника кај американските богаташи. Се проценува дека најмалку 950.000 пациенти во САД кои би се заразиле од вирусот корона би требало да бидат третирани со овој уред. Сепак, болниците имаат само 160.000, а претседателот Доналд Трамп вели дека нарачале “многу“, но не го споменува точниот број.

Малку компании во светот обезбедуваат апарати за дишење, а тие едноставно не беа подготвени за ова. Томас Херберт, од Њујорк, веќе 35 години продава респиратори и работи во GE Healthcare. Тие добиле 2.500 налози за респиратори од Италија и другите делови на Европа и ги доставиле испораките пред да бидат прекинати, заради потреба во САД.

Лекар од Бергамо неодамна изјави дека “цунами“ од 4.400 пациенти значи дека “секој респиратор се претвора во злато“, а како по правило оди прво таму каде што е најпотребно. Сепак, американските богаташи мислеа дека преку нивните лекари и производителите на респиратори ќе можат да ги набават овие машини преку ред. Сега тие се соочуваат со горчливата вистина дека парите не можат да купат нешто што го нема.

Фото: Pixabay