Богатите инвеститори се изјаснија: „Ја сакаме оваа личност за претседател на САД“

44

Повеќето богати инвеститори со средства од најмалку 1 милион долари за инвестирање планираат да гласаат за Камала Харис на претседателските избори во САД, покажува истражувањето спроведено од швајцарската банка UBS.

Според извештаите, 57 отсто од инвеститорите би ја поддржале Камала Харис на изборите, а 43 отсто би го поддржале Доналд Трамп, пренесува CNBC.

Огромното мнозинство инвеститори, поточно 84 отсто, наведуваат дека економијата е главна тема на овие избори за нив, потоа социјалните прашања 71 отсто, даноците 69 отсто и имиграцијата.

Во исто време, инвеститорите веруваат дека Трамп е подобар избор за економијата и даночните прашања.

На прашањето кој е покомпетентен за економски прашања, 51 отсто одговориле дека тоа е Трамп, додека 49 отсто одговориле дека Харис.

Дополнително, 52 отсто веруваат дека Трамп претставува подобро решение за даночната политика, а 48 отсто го мислат истото за Камала Харис.

Мнозинството од испитаниците, поточно 55 отсто, изјавиле дека имаат голема доверба во американската економија, без разлика на исходот од претседателските избори.

Анкетата е спроведена во периодот од 13 до 19 август, а на прашањата одговориле 971 инвеститор кои имаат на располагање најмалку еден милион долари.