Постојат лаги што постојано ни се сервираат или пак ги користиме во итни ситуации, но има и такви што можат да бидат многу поопасни ако слепо им веруваме. Иако понекогаш е добро да се негува и чува детската наивност во секој од нас, постојат работи на коишто богатите и успешни луѓе никогаш не наседнуваат. Доколку сакате да го следите нивниот пример, никогаш немојте да верувате во овие работи:
Тоа се само пари
Иако со пари не можат да се купат многу нематеријални работи, секогаш мора да се има предвид нивната вредност и моќта што ја поседуваат. Не мора секогаш да ги претворате сите работи во пари за да си докажете колку нешто вреди, но сепак треба да размислувате за ситуации во животот кога навистина ќе имате потреба од одреден износ на пари за да можете да си дозволите елементарни работи.
Нема да живеам вечно
Фраза што најчесто служи како изговор кога некој “немилосрдно“ троши. Има и вистина во тоа, не треба да се стегате, да не си дозволите нешто во што навистина уживате, но расипничкото однесување кон парите, не само што може да ве остави со празни џебови, туку може да ви создаде и дополнителни проблеми.
Морам да го купам тоа, на расподажба е
Распродажбата се покажува како одличен маркетинг трик на компаниите да се ослободат од оние производи што вообичаено не се трошат или да “решат“ од залихите. Понекогаш, попустите и расподажбите се само “ловци“ на вашите пари, кои инаку многу помудро би ги потрошиле, одошто на тоа да купите некаков предмет или облека што нема никогаш повеќе да го погледнете.
Сите имаат кредитна картичка
Бидете внимателни како располагате со сопствените пари, а уште повнимателни ако тие ви се позајмени или сте ги добиле на кредит. Кредитната картичка може да биде добра прилика да пополните некоја “дупка“ во месецот, но ако немате граница и трошите како тие пари да се ваши, тогаш си правите лоша услуга и си го “таложите“ долгот. Затоа, не мора во паричникот по секоја цена да имате кредитна картичка, да купувате автомобили или да одите на луксузен одмор… Направете си добар финансиски план, бидете поодговорни кога се парите во прашање и ќе избегнете многу главоболки и непотребни долгови.
Фото: Pexels