Богатите уште побогати, а без работа останаа оние со мала плата

56

Најбогатите 20 лица во Канада, од почетокот на март или од почетокот на пандемијата, на своето богатство си додадоа уште 37 милијарди долари, покажува анализата на Policynote.ca.

Податоците покажуваат дека богаташите во Канада и во услови на пандемија во просек на своето богатство си додале по две милијарди долари.

Најголема заработка, и покрај пандемијата, бележи семејството на Дејвид Томсон, во чија сопственост е фудбалски клуб и новинската агенција Thomson Reuters, чија вредност се зголеми за 8,8 милијарди долари.

Втор најбогат е Тобиас Лутке, основач на компанијата Shopify, чие богатство порасна за 6,6 милијарди долари, додека на трето место се најде сопственикот на брендот за спортска облека, Lululemon, Чип Вилсон, кој и во услови на пандемија е побогат за скоро три милијарди долари.

Во меѓувреме, вработените во Канада и понатаму се соочуваат и се борат со негативните последици од пандемијата. Според последните податоци, 1,1 милиони луѓе се невработени, од кои најсилно се погодени оние со пониски плати.

Фото: Pexels