Богатството на руските милијардери од почетокот на годината се зголемило за 16 милијарди долари

22
Business man counting dollar banknote - online business concept

Заедничкото богатство на најбогатите претприемачи од Русија се зголемило за 16,35 милијарди долари од почетокот на годината.

За тоа најмногу придонесе косопственикот на Лукоил Вагит Алекперов, чие богатство се зголеми за повеќе од 3,7 милијарди, достигнувајќи 19,1 милијарди долари, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на податоците од индексот на милијардери на Блумберг (ББИ).

Индексот се пресметува врз основа на вредноста на акциите на компаниите во кои милијардерите поседуваат удел. За некои компании, пресметката се заснова на односот на нивната капитализација спрема EBITDA или цената на акциите и заработката по акција.

Севкупно, рејтингот на ББИ ги вклучува 500-те најбогати луѓе во светот, а сега вклучува 22 руски државјани, чие вкупно богатство заклучно со 1 мај изнесува 279,88 милијарди долари.

Најбогат меѓу нив останува еден од мнозинските сопственици на Норилск Никел, Владимир Потанин, кој од почетокот на годината го зголеми своето богатство за 448 милиони долари на 29 милијарди долари.

Второто место го зазема косопственикот на Новатек, Леонид Микелсон, чие богатство се зголеми за 3,09 милијарди долари на 27,7 милијарди долари.

На трето место е претседателот на групацијата НЛМК, Владимир Лисин, кој од почетокот на годината го зголеми своето богатство за 1,74 милијарди долари на 21,6 милијарди долари.