Boie – антибактериска и издржлива четка за заби

70

cetka za zabi

Американскиот старт – ап Boie создаде специјална четка за заби, којашто е двојно поиздржлива и потрајна за разлика од вообичаените.

Boie е посебна по материјалите од коишто е изработена. Влакната за четкање се направени од специјален медицински материјал еластомер, којшто е помалку абразивен. Во исто време, влакната на четката се антибактериски и двојно поиздржливи од пластичните.

Boie може да се најде во три бои: црна, сина и црвена.

Оваа иновативна четка за заби се најде на глобалната платформа за групно финансирање, Kickstarter, каде досега собра над 39.000 долари, иако првично побара само 10.000 долари финансиска поддршка.