Боинг инвестира 450 милиони долари во развој на беспилотно летечко такси

71

Боинг ќе инвестира дополнителни 450 милиони долари во компанијата Виск со цел да го поддржи развојот на идните летечки такси без екипаж, објави денеска американскиот авијациски гигант.

Виск со седиште во Калифорнија, кој е во сопственост на Боинг и Кити Хок, компанија за воздушни превозни средства, основана од ко-основачот на Google, Лери Пејџ, е една од неколкуте десетици што развиваат електрични автомобили со вертикално полетување и слетување (eWTOL), и се разликува од другите бидејќи е фокусиран на автономен лет, односно летечко превозно средство без пилот, пренесе Ројтерс.

„Нашиот став е дека ова е голема стратешка предност за Виск, директна транзиција кон автономно летечко превозно средство“, рече Марк Ален, главен офицер за стратегија на Боинг.