
Компанијата Боинг очекува дека бројот на комерцијални авиони ќе се удвои во следните 20 години во светот.
„Боинг“ проценува дека до 2042 година ќе се користат 48.575 авиони, што е значително повеќе од 24.500 регистрирани во 2022 година.
„Северна Америка ќе добие 23 отсто од новите авиони, азиско-пацифичкиот регион 22 отсто, Евроазија 21 отсто, а Кина 20 отсто“, соопшти компанијата.
Боинг во својата анализа се осврна и на побарувачката за товарни авиони и нагласи дека и таа треба да остане силна. Боинг, исто така, предвидува дека растот на воздушниот карго сообраќај ќе го надмине вкупниот раст на глобалната трговија.











