Боја впива топлина и го разладува просторот

26

Фото: Pixabay

Научници од Универзитет Колумбија создадоа боја што ја впива топлината и на тој начин го разладува просторот без да има потреба од пуштање клима уред.

Станува збор за систем што го следи принципот на пасивно ладење со зрачење на дневна светлина (Passive daytime radioactive cooling – PDRC), што претставува акумулација на топлината во текот на денот и нејзина дистрибуција во текот на ноќта, пишува Treehugger.

Овој принцип на ладење е ефикасен, бидејќи ладењето се одвива без потреба за електрична енергија, уреди за разладување и механички пумпи што бараат одржување.

Во овој момент, бојата може да ја намали температурата за околу шест степени. Може да се нанесува во спреј или со четка, а е прилагодена на различни површини, како што се метал, дрво и пластика.