На неодамнешната изложба на авиони во Женева (EBACE) присутните можеа да го видат Bombardier Global 7000, ултимативното достигнување во светот на луксузните приватни авиони.
Џетот е наменет за сите оние со подлабок џеб кои едноставно немаат време за губење кога треба да се патува.
Голема брзина, пространа кабина и луксузни погодности и додатоци се само неколку од карактеристиките на Global 7000.
Седиштата се ергономски дизајнирани и можат да се прилагодат според желбите на клиентот во однос на боја и материјал. Во авионот има посебен простор за екипажот, а исто така постои и можност за инсталирање на туш кабина.
Трпезарискиот простор е со шест седишта, а истиот може да се искористи и како конференциска сала.
Bombardier Global 7000 се очекува да биде достапен за купувачите од следната година.