Booking.com го проширува пристапот до Booking Assistant на глобално ниво

43

22308777_1872389272789975_1467742420383555673_nФото: Facebook

Booking.com ја проширува пилот верзијата на својата услуга за поддршка на корисниците Booking Assistant. Таа станува достапна за резервации направени на англиски јазик, а истата автоматски ќе ги преработи корисничките прашања за неколку минути, пишува Travel Daily News.

Booking Assistant ги спојува сопствената вештачка интелигенција со веќе постоечкиот сервис за поддршка на клиенти на Booking.com, со што им овозможува на клиентите да добијат првокласна услуга за нивните резервации, вклучувајќи навремени одговори на нивните најчести барања поврзани со престојот.

Сервисот за разговори, популарно наречен chatbot е дизајниран да одговори на најчестите прашања на клиентите. Моментално може да одговори на 30% од прашањата за помалку од пет минути. Доколку Booking Assistant не може да одговори на некое прашање, бара помош од тимот на Booking.com и потоа го додава нивниот одговор директно на разговорот со клиентот, односно во chatbot-от.