Booking.com затаила 153 милиони евра данок

52

Италијанската финансиска полиција утврди дека компанијата Booking.com, регистрирана во Холандија, затаила данок од 153 милиони евра во период од 2013-та до 2019-та година, пренесуваат италијанските медиуми.

Холандската компанија, што посредува во онлајн резервации на сместување, не е законски регистрирана во Италија иако за тоа била обврзана. Компанијата, како што се наведува, посредува во онлајн резервации на скоро 900.000 локации во Италија.

Финансиската полиција утврдила дека компанијата од 2013-та до 2019-та година заработила 700 милиони евра, а на тој износ не платила данок ниту во Италија, ниту во Холандија.

Фото: Facebook