Boom TV воведува нов канал

35

tvОператорот Boom TV во својата понуда воведува нов телевизиски канал Klasik TV, со цел задоволување на потребите и вкусовите на поширокиот аудиториум. Klasik TV е од забавен карактер и одговара на вкусовите на целото семејство. Програмската шема на Klasik TV содржи филмови, документарна програма, детска програма, ТВ серии.

Каналот ќе биде дел од основниот пакет на Boom TV и за него нема да се плаќа дополнителен надомест. Истиот ќе биде дел од и од Family пакетот за корисниците на Mini Boom TV, како и на корисниците кои што користат само Set Top Box, стои во сооштението.
За да го гледаат новиот ТВ канал корисниците единствено што треба да направат е да го следат упатството што ќе се појави на нивниот ТВ екран, односно да изберат: мени-технички подесувања и пребарување на канали.