Борбата против климатските промени ќе го поскапи летањето

40

Борбата против климатските промени ќе ги поскапи летовите, изјави директорот на Делта ерлајнс, Ед Бастијан за Би-Би-Си и потсети дека втората по големина авиокомпанија во светот се обврза да потроши милијарда долари во следната деценија за да го елиминира јаглерод диоксидот што го испуштаат нејзините авиони.

Со тек на време сето тоа ќе не чини повеќе, но тоа е вистинскиот пристап што треба да го направиме, изјави Бастијан.

Делта ерлајнс претходно објави дека инвестирала 30 милиони долари годишно во мерки за намалување на штетните гасови.

Повикувајќи се на податоци од Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА), Би-Би-Си потсетува дека воздухопловната индустрија е одговорна за околу два и пол проценти од емисиите на јаглерод диоксид.