Борел: Ембаргото ќе ја принуди Русија да продава нафта по пониска цена

72

Договорот на Европската унија за ембаргото за увоз на најголемиот дел од руската нафта ќе ја принуди Москва да продава нафта на останатите по пониска цена, изјави денеска шефот на европската дипломатија, Жосеп Борел.

Тој објасни дека целта на воведувањето забрана за увоз на руска нафта е „Русија да има помалку финансиски извори“ за да ја „храни“ својата воена машинерија.

„Ние сме најважниот клиент на Русија“, изјави Борел во Брисел пред почетокот на вториот ден од самитот на лидерите на ЕУ посветен на Украина, пренесе „Ројтерс“.