
Германската компанија „Бош“ најави нов бран мерки за штедење во вредност од 2,5 милијарди евра годишно до 2030 година, што би можело да загрози илјадници работни места во германската автомобилска индустрија.
Менаџментот на компанијата изјави дека дополнителното намалување е неизбежно поради кризата во автомобилскиот сектор и слабата побарувачка, иако не е прецизирано колку вработени ќе бидат погодени, објавува „Тагешау“.
Заштедите ќе бидат насочени и кон намалување на трошоците за материјали и енергија, како и кон зголемување на продуктивноста, а компанијата сака целосно да го затвори финансискиот јаз во следните пет години.











