Box Bike – карго велосипед за безбедно возење со голем простор за товар

286

box bike
Возењето велосипед е одлично решение за лесно движење низ градскиот метеж, во исто време е здраво и забавно. Но, понекогаш велосипедистите немаат доволно простор за да ги понесат со себе сите потребни работи од пазарувањето, патувањето и слично.

Американскиот старт – ап Box Bike Collective го претстави својот изум – велосипед што нуди удобно и безбедно возење, а во исто време има доволно простор за товарање.

“Вредноста на возењето на карго велосипед се мери со насмевки, свеж воздух, физичка активност. На сето тоа може да се додаде и заштедата на трошоците за гориво, одржување и осигурување на автомобилите“, вели основачот на Box Bike Collective, Александар Јазбек.

box bike 1

Велосипедот нуди и електрична поддршка за полесно искачување на стрмни делови, особено доколку велосипедот носи потежок товар. Box Bike е изработен од висококвалитетни материјали, што ја обезбедуваат потребната безбедност и комфор при возењето.

Овој старт – ап се најде на глобалната платформа за групно финансирање Kickstarter, каде што треба да се соберат 32.000 долари за поддршка на Box Bike.