BoxLock Home – паметен катанец за безбедна достава на пратки

50

yuri_open

Фото: BoxLock Inc

Компанијата BoxLock Inc создаде уред дизајниран да ги заштити пратките од крадци. BoxLock Home  е паметен катанец што може да го отвори само од курирот и примателот на пратката. За разлика од стандардните катанци, BoxLock се отклучува преку број за следење на пакетот што клиентот го нарачал. Пред куќата или станот примателот треба да постави сигурна кутија прицврстена на ограда или ѕид којашто е доволно голема за да влезе нарачаниот пакет.

Кога ќе пристигне курирот го скенира бројот на пакетот. Уредот се поврзува преку Wi – fi  мрежа и се проверува дали пакетот е наменет за таа адреса и дали испораката е закажана за тој ден. Ако се исполнети овие два критериума тогаш катанецот се отклучува. Катанецот е водоотпорен, а батеријата може да издржи 30 дена со едно полнење.

Засега се поддржани броевите за следење на Amazon, FedEx, UPS и USPS.

BoxLock е поставен на платформата за групно финансирање Kickstrter од каде треба да собере 20.000 долари. До крајот на кампањата остануваат уште 23 дена и веќе има собрано 34.848 долари.