Chanel го претстави својот најнов рачен часовник Boy.Friend, инспириран од машката мода, но наменет за жените.
Неговиот изглед потсетува на популарниот Première часовник на модната куќа, којшто послужил и како инспирација за креирање на Boy.Friend.
Осумаголната форма го поврзува со шишенцето од познатиот парфем N° 5, но исто така и со Place Vendôme во Париз, каде е лоцирана првата Chanel продавница.
Она што е новитет е декорацијата со мажествени детали.
Часовникот е достапен во две верзии, XL кварцен часовник со димензии од 34,6 на 26,7 милиметри и модел со димензии 37 на 28,6 милиметри, со рачен механизам на навивање.
Ултимативниот мажествен детал е ременот од алигаторска кожа, материјал што генерално е застапен само кај машките часовници.
Двата модела се достапни во верзија со 18 каратно злато, со и без дијаманти. Поголемиот модел го красат 66, додека помалиот 64 соврешено избрусени бели дијаманти.
На часовникот не се испишани бројки, а истиот е водоотпорен дури и на 30 метри длабочина.
Boy.Friend од Chanel ќе биде достапен од 1 септември, по цени од 11.400 до 25.200 евра.