Божиќна реклама на Tesco: Ништо не може да ме спречи

165

Дојде време од годината кога компаниите почнуваат да се тркаат кој ќе има подобри и пооригинални новогодишни реклами во кои глуми Дедо Мраз. Во групата се приклучи и британскиот мултинационален малопродажен ланец Tesco, кој се чини дека веќе има голема предност. Имено, тие снимија новогодишна реклама, која за кратко време ги освои симпатиите на публиката. Откако минатата година на многумина им беше одземена празничната „магија“ поради епидемијата, оваа реклама ги води гледачите низ неколку сценарија кои потенцијално можат да ја расипат овогодинешната прослава, но и решение за ваквите ситуации.

„Ништо не може да ме спречи“

Пораката на рекламата е „Овој Божиќ ништо не може да ме спречи“ како што се нарекува и самата реклама. Рекламата ги прикажува проблемите со кои се соочуваше Велика Британија и целиот свет. Недостигот на храна или епидемијата на коронавирус се некои од нив. Сепак, во рекламата може да се види како се решени сите овие проблеми. Во еден момент се размислува дали Дедо Мраз ќе оди во карантин поради короната, што предизвикува загриженост кај децата, но кога ќе пристигне на аеродромот, Дедо Мраз го покажува својот ковид сертификат и без проблем ја поминува контролата.