БП очекува раст на приходите од тргување со нафта во вториот квартал

Британската нафтена компанија БП денес објави дека очекува зголемување на заработката од трговијата со нафта во вториот квартал од 2026 година во споредба со претходниот квартал, како и намалување на нето-долгот.

Компанијата проценува дека повисоките цени на продажбата на нафтата ќе ја зголемат заработката во сегментот на производство и операции со нафта за 1,8 милијарди долари до 2,1 милијарди долари во текот на првиот квартал од 2026 година.

Дополнителен придонес од 500 до 700 милиони долари се очекува во сегментот на гас и нискојаглеродна енергија, објавува Ројтерс.