БП со добивка од 2,2 милијарди долари – компанијата најавува продажба на дел од бизнисот

Британскиот енергетски гигант БП денес објави дека ќе ја забрза продажбата на одредени делови од својот бизнис откако објави основна добивка од 2,2 милијарди долари во третиот квартал од 2025 година, што е намалување во однос на 2,4 милијарди долари во претходниот квартал.

Сепак, резултатите ги надминаа очекувањата на аналитичарите кои прогнозираа добивка од 1,98 милијарди долари, објавува Гардијан.

Извршната директорка на БП, Мари Аушинлос, е под притисок од дел од акционерите кои бараат поголем фокус на нафтата и гасот и помалку инвестиции во обновливи извори на енергија.