Brainster.io е база од 250 онлајн алатки и ресурси од областа на стартапи, маркетинг, дизајн, кодирање, UX, UI и продуктивност кои се бесплатни за користење.
Без разлика дали сте маркетер, професор, студент, претприемач, дизајнер или програмер, преку оваа платформа ќе ги надградите своите вештини и ќе заштедите време на пребарување.
Зошто оваа платформа?
Бидејќи е супер корисно да ги имате сите овие алатки и ресурси на едно место за да не мора да трошите време барајќи ги на интернет. Ако имате некои алатки кои би сакале да ги споделите, пишете ни на твитер или фејсбук.
Дали се плаќа?
Се разбира дека не се плаќа. Brainster.io е бесплатна за користење со содржина која редовно ќе се обновува.
Кој го прави ова?
Ова го прави дел од тимот на Brainster под водство на Анита Антиќ со помош од Драгана Милчевска и Петар Ниновски.
Од каде е идејата за оваа апликација?
Дел од овие алатки ги користиме како тим на дневна основа и сметавме дека ќе биде добро доколку истите ги споделиме со заедницата. А за формата на платформата се инспириравме од неколку вакви слични проекти објавени на ProductHunt.
Што добивате?
Збир на испробани и актуелни алатки од областа на маркетинг, дизајн, кодирање, старт-ап, UX, UI и продуктивност со чија помош ќе ги надоградите сопствените вештини и воедно ќе заштедите време на пребарување на истите.
Фидбек:
Доколку имате некоја идеја како да ја подобриме апликацијата или како да ни се приклучите во ваквите иницијативи на Brainster, може да нѐ контактирате на [email protected].