Бран отпуштања во германската автомобилска индустрија

23

Поради преминот кон електрични автомобили, во Германија има големи пресврти. За краток временски период, Bosch отпушти илјадници вработени, додека ZF, која произведува менувачи и делови за мотори, до 2030 година ќе отпушти 12.000 вработени. Налутените вработени во ZF протестираат на улица, пишува ХАК.

– Само половина од работната сила е потребна во производството на електрични автомобили – соопштија од раководството на ZF. Бран отпуштања моментално беснее меѓу добавувачите во германската автомобилска индустрија. Тоа предизвика загриженост и протести кај вработените на кои им се заканува да останат без работа. Најголемиот светски производител на компоненти, Бош, во неколку наврати отпушти 3.200 вработени. Прво отпуштени се 1.500 вработени во одделот за погон, потоа 1.200 во автономното возење, а вчера беше објавено дека 500 вработени во Мобилити електроникс ќе останат без работа.

Во ZF, кој произведува менувачи, делови од моторот, оски и други механички компоненти, ситуацијата е уште полоша. ZF ќе отпушти 12.000 од 165.000 вработени до 2030 година. Отпуштањата во ZF предизвикаа бран протести со вработените кои протестираа на улиците на градовите во јужна Германија.
– Сакаме да ги задржиме луѓето, но знаеме дека преминот кон електрични автомобили ќе не чини работа – се наведува во соопштението на ЗФ. Компанијата проценува дека електричните автомобили бараат половина од човечката работа.