Бранка Славеска не е повеќе генерален директор на „Тиквеш“

184

Надзорниот одбор на Винарската визба „Тиквеш“ на седница на одборот донел одлука за спогодбено прекинување на функцијата на досегашната генерална директорка Бранка Славеска заклучно со 30.09.2024.

Одборот одлучил и дека до изборот на нов генерален директор на ВВ „Тиквеш“, функцијата генерален директор ќе ја извршува претседателот на Управниот одбор на компанијата.

„Досегашната генерална директорка го завршува ангажманот поради лични семејни причини, а својата професионална кариера ќе ја продолжи во странство“, стои во објавата на Македонска берза.

ВВ „Тиквеш“ посветено продолжува со реализација на долгорочната развојна стратегија заснована на моќни вински брендови, силна извозна ориентација и презентирање на македонската винска индустрија на пазарите. Дополнително, ВВ „Тиквеш“ ги воведе ESG-стандардите, а во тек се интензивни вложувања во реализација на проектот за трансформација на „Тиквеш“ во зелена винарница.