Бранко Грегановиќ го презема раководењето со НЛБ Банка АД Скопје

92

НЛБ Банка преку соопштение на Македонска берза информираат дека Бранко Грегановиќ е именуван за Претседател на Управниот Одбор на НЛБ Банка АД Скопје со мандат од 2 (две) години.

„Ве известуваме дека на ден 22.12.2021 година, Г-дин Антонио Аргир, Претседател на Управниот Одбор на НЛБ Банка АД Скопје поднесе оставка од функцијата во која е наведено дека ќе продолжи да ја извршува својата функција како Претседател на Управен Одбор до 31.12.2021 година.

На ден 29.12.2021 година Народната банка на Република Северна Македонија издаде претходна согласност со која Г-дин Бранко Грегановиќ е именуван за Претседател на Управниот Одбор на НЛБ Банка АД Скопје со мандат од 2 (две) години почнувајќи од 01.01.2022 година.

Инаку, по шестгодишно успешно управување со Банката, Антонио Аргир, е унапреден на нова позиција во седиштето на НЛБ д.д. Љубљана, како Извршен помошник на Управниот одбор на НЛБ д.д., одговорен за управување со НЛБ Групацијата. Надзорниот одбор го именуваше Бранко Грегановиќ за нов Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје

Кој е идниот извршен директор на НЛБ Банка Скопје?

Успешното работење на НЛБ Банка Скопје ќе го продолжи ново-именуваниот Претседател на Управниот одбор Бранко Грегановиќ, кој по добивање на потребните одобренија, ќе ги преземе функциите на Главен извршен директор и Главен маркетинг директор.

Грегановиќ, поранешен Главен извршен директор и Главен финансиски директор на НЛБ Банка Белград има повеќе од 20 години искуство на високи позиции во банкарскиот и реалниот сектор. За време на неговите седум години на чело на НЛБ Банка Белград, банката обезбеди профитабилно работење и забрзан раст од 15% до 20% годишно. Така, Банката го отвори патот за преземање на една од водечките банки на српскиот пазар, Комерцијална банка, од страна на НЛБ д.д., во декември 2020 година. По аквизицијата, банките во НЛБ Групацијата имаат една од првите топ-три и системски важни позиции на сите пазари на кои работи Групацијата.